Светската ракометна асоцијација (ИХФ) треба да подели уште една или две „вајлд-карти“ со кои ќе се комплетираат сите селекции на Мундијалот.
Ако Нов Зеланд не се пласира на шампионатот, се отвора простор за втора покана за големиот собир.
Србија веќе поднесе барање, а се пријави и Саудиска Арабија. Се очекува истото да го сторат Црна Гора и Швајцарија. Конечната одлука се очекува да биде донесена на почетокот на јуни.
Светското првенство за ракометари ќе се одржи од 14 јануари до 2 февруари 2025 година. Домаќини ќе бидат Хрватска, Норвешка и Данска.