Еурофарм Пелистер го забележа деветтиот пораз од исто толку одиграни натпревари во Лигата на шампионите, откако загуби на гостувањето кај Кјелце со 35-25.
Избраниците на Бранислав Ангеловски се држеа солидно само во воведниот дел, но домаќините го покажаа својот квалитет па уште на полувреме стигна до висока предност (18:13).
Во вториот дел само константно растеше предноста на Киелце кој отиде и на „двоцифрена“ разлика од 10 голови разлика, која ја одржуваа до самиот крај.
Најефикасен кај Пелистер беше Цехте со седум голови, Пешевски постигна пет, во составот на Кјелце седум гола даде Трастарсон.