На тренинг на националниот тим се повреди Валентин Карасманакис, кој требаше да биде еден од столбовите на одбраната на репрезентацијата.
Кружниот напаѓач на Алкалоид има скршеница на прстот и раката му е имобилизирана, па поради тоа го очекува спортска пауза.
Селекторот Кирил Лазаров веднаш мораше да реагира, а на негово место од резервниот список ќе се најде искусниот Никола Маркоски.
Националниот тим ќе тренира во Скопје уште неколку денови, а потоа патува за Хрватска.
За таму е планиран натпревар против домаќинот во Пореч, додека пред шампионатот ќе се отпатува во Вимтертур и ќе се играат тестови со Швајцарија,Бахреин и Украина.