Женската ракометна репрезентација на Македонија претрпе пораз од 22-18 на првиот дуел од баражот за СП 2025 против селекцијата на Полска.
Македонија покажа дека никогаш не се предава, со фуриозен финиш стигна до „минус четири“ како најава за пеколна атмосфера на реваншот што е закажан за сабота во Битола.
Десниот бек на нашиот национален тим Јована Кипријановска се надева дека полна ќе биде арената „Боро Чурлевски“ во Битола и дека ќе им помогне да го изненадат големиот фаворит.
„Тежок натпревар во Полска со доста промашени зицери, технички грешки и затоа резултатот не беше идеален до 45 минута. Последните 15 минути со добра одбрана и борба успесвме да ја намалиме негативата и имаме можност со поголема надеж да влеземе во вториот натпревар. Натпреварот во Битола ќе биде уште потежок, но верувам дека сите до една ќе дадеме и повеќе од својот максимум за да обезбедиме пласман на долго очекуваното светско првенство. Се надевам дека трибините ќе бидат исполнети и сите заедно ќе се радуваме на победа“, изјави Кипријановска.