Ким Андерсон не размислува за крај на својата богата кариера и го продолжи договорот со тимот на Иштад.
Андерсон, кој со скандинавската репрезентација освои сребро на Олимписките игри во Лондон (2012), со раководството на Иштад се договори на нова едногодишна соработка.
Искусниот ракометар иако има 41 година, сѐ уште игра во одлична форма, а минатата сезона во Лигата на Европа постигна дури 68 погодоци.