Кунку мина повеќе од 24 часа во притвор пред да биде ослободен со кауција. Тој беше обвинет дека сексуално нападнал 20-годишна девојка во дискотека. Брзата реакција на обезбедувањето во локалот спречила девојката да биде повеќе повредена.
Обезбедувањето и го задржало ракометарот до доаѓањето на полицијата. Неговиот клуб објави дека Кунку ќе биде суспендиран до донесувањето на пресудата.
„Сакаме да објавиме дека Кунку ќе биде отстранет од клубот и нема да ја претставува нашата екипа се додека случајот не се расчисти“, објави Киелце.