Ракомет

Кентин Мае се враќа во Бундеслигата

Кентин Мае се враќа во Бундеслигата

По шест години во Веспрем, време е европскиот првак Кентин Мае пак да се врати во Бундеслигата.

32-одишниот Французин сезонава има последна шанса да стигне до трофејот од Лигата на шампионите на ЕХФ.

Двократниот светски и олимписки шампион со „триколорите“ се договори за соработка со германски Бергишер, каде кариерата ќе ја продолжи од ова лето.

За Мае ова е своевидно враќање, бидејќи претходно настапуваше за Баер од Дормаген, Гумерсбах, Хамбург и Флензбург, каде во 2018 година ја освои титулата во Бундеслигата.

To top