Ракомет

Кадетите на Алкалоид го освоија Меморијалниот турнир „Марко Божиновски“

Кадетите на Алкалоид го освоија Меморијалниот турнир „Марко Божиновски“

Екипата на Алкалоид е победник на третото издание на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“ што се одржа во Скопје.

Турнирот се игра во конкуренција на кадети, а годинава учесници беа осум екипи од кои три од странство.

По трите победи, тимот од Автокоманда се пласираше во финалето каде што се сретна со екипата на Коњух од БиХ која беше најдобра во конкуренцијата на Еурофарм Пелистер, Вардар и романскиот Одорхеи.

Ова е втор пехар на РК Алкалоид на турнирот, откако го освои и второто издание на турнирот, одржано минатата година.

To top