Иако РК Вардар имаше опција да го откупи по завршената позајмица од Висла Плоцк на крајот Косуке Јасухира одлучи да се пресели во Кувајт и да потпише за тамошниот клуб Бурган.
– Кувајтскиот клуб Бурган потпиша договор со јапонскиот интернационален плејмејкер, Косуке Јасухира (23 години), кој доаѓа од македонскиот ракометен клуб Вардар.
Вреди да се одбележи дека Јасухира неодамна го претставуваше кувајтскиот клуб Ал-Кадисија на азискиот шампионат, каде имаше истакнат учинок и придонесе за освојување на третото место, – се вели во веста која ја пренесе „Handball Arabic“.