Селекторот на младинската женска ракометна репрезентација на Македонија даде коментар на дуелот во СЦ „Борис Трајковски“.
„Знаевме дека со Ангола нема да биде лесен меч. Многу сум среќен за девојките, испочитуваа тоа што се договоривме и најмногу сум среќен што сите ги издржаа сите пехови што ни се случија пред почетокот и за време на СП. Им честитам на сите од срце. Група како група беше добра, сами ја биравме ние селекторите, но самите повреди на главните играчи малку не ставија во незавидна ситуација. Но, сепак, се излезе најдобро за нас. Сега ни следи ден одмор, а од утре е нов ден и ќе размислуваме за следната рунда во која ќе одиме од меч во меч. Како тренер нормално е дека сакам победи и успеси“, изјави селекторот Дарко Јанев.