Ракометарите на ГРК Охрид вчеравечер го совладаа актуелниот шампион Еурофарм Пелистер 29:25 (13:11), во дерби натпреварот од 17. коло на ракометната Супер лига.
Во извонредна атмосфера што ја создадоа навивачите на двете екипи, Охрид го надигра гостинот од Битола и сосема заслужено стигна до двата бода.
Три гола во победничкиот тим постигна Томислав Јагуриноски.
– Многу тежок натпревар. Во еден момент водевме со многу разлика. Сепак, морам да кажам, Пелистер изминатиот период имаше потешки натпревари од нас. Сметам дека за победата пресуди нашата желба и тоа го докажавме пред нашата публика. Се надевам дека во продолжение на сезоната ќе бидеме се подобри, изјави Јагуриноски по натпреварот.
На табелата по 17 кола Вардар е лидер со 32 бода, Еурофарм Пелистер има 28, Охрид и Алкалоид по 27, Тиквеш и Бутел по 18, Прилеп 16, Еурофарм Пелистер 2 15, Тинекс Пролет 12, Струга 6, Куманово 5, Радовиш0.