Ракомет

Извлечени групите за ракометните турнири на ОИ

Извлечени групите за ракометните турнири на ОИ

Беше извршена ждрепката за ракометните турнири во машка и женска конкуренција на Олимписките игри во Париз.

Интересно, домаќинот Франција имаше можност да одбере во која група ќе се натпреварува, а изненадувачки во машка конкуренција ја одбраа групата во која се и селекциите на Данска и Норвешка.

Во групата „А“ ќе играат: Шпанија, Хрватска, Германија, Словенија, Шведска и Јапонија, додека во групата „Б“ освен домаќинот Франција, се најдоа уште и Данска, Норвешка, Унгарија, Египет и Аргентина.

На женскиот турнир, во групата „А“ ќе играат Норвешка, Германија, Словенија, Шведска, Данска и Јужна Кореја, додека во групата „Б“ се најдоа Унгарија, Холандија, Шпанија, Франција, Бразил и Ангола.

Ракометните турнири на ЛОИ во Париз ќе се играат во периодот од 25 јули до 11 август. Прелиминарната фаза ќе се игра во Париз, додека завршницата на стадионот во Лил.

To top