Ракомет

Извлечени четирите групи од Купот на Македонија

Извлечени четирите групи од Купот на Македонија

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги извлече групите за втората фаза од ракометниот Куп на Македонија, по која следи завршиот Ф4-турнир.

Фаворитите имаа статус на носители и се избегнаа. РФМ ги покани сите заинтересирани страни кои сакаат да бидат организатори, да достават барање до канцеларијата на „куќата на ракометот“.

Група А:
Бутел Скопје – Вардар 1961
Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 2

Група Б:
Пролет 62 – Македонија ЃП
Радовиш – Алкалоид

Група В:
Тиквеш – ГРК Охрид
Куманово – Младост Богданци

Група Г:
Струга – Еурофарм Пелистер
Прилеп – Драчево

Натпреварите од Купот на Македонија се играат овој викенд.

To top