Повремениот хрватски ракометен репрезентативец, Филип Ивиќ во новата сезона ќе биде дел од екипата на Еурофарм Пелистер.
-Веќе разговарав со соиграчите и им кажав дека се чувствувам како дома. Тоа за нас играчите во странство е многу важно. Екипата е супер, добро се работи. Со доста од ракометарите веќе сум играл, заедно или против нив. Прв впечаток е дека Битола е преубав град, луѓето се љубезни и сега сам се уверив во тоа. Сигурен сум дека тука ќе минам две убави години. Пелистер долги години е во врвот на македонскиот ракомет. Пред неколку години имаше тука доста хрватски играчи, тренерот Бабиќ, Мандалиниќ.Ми се допаѓа што Македонија вложува во ракометот, ракометот е национален спорт, лигата секоја година е се подобра и подобра, а со тоа и конкуренцијата е посилна и со самото тоа патот до трофеите е потежок. Го следам Пелистер долга низа години, мило ми е што дојдов да помогнам колку што можам и да освојам што е можно повеќе трофеи, клубот тоа го заслужува.
Лигата на шампионите е „шлагот на тортата“, по мене за секој играч треба да биде чест што ќе игра во ова натпреварување. Велат дека групата е послаба од другата, но мора да се нагласи дека во ЛШ нема слаби противници. Видовте и минатата сезона дека е тешко да се игра дали дома, дали на гости. Оваа екипа ја заслужува и првата победа. Јас и остатокот од екипата ќе дада се од себе, плус со поддршката од трибините се надевам ќе дојдеме до неа, -порача новото засилување на машкиот ракометен шампион.