Хрватскиот ракометен шампион, РК Загреб, е во потрага по нов тренер, откако досегашниот Андрија Николиќ поднесе оставка по петтиот последователен пораз во Лигата на шампионите.
Со него од клубот заминува и легендата Иван Чупиќ, кој ја извршуваше функцијата помошник тренер, а барем засега сè уште не е познато кој ќе ја преземе функцијата на Николиќ на клупата на хрватскиот шампион.
Како тренер на Загреб, Николиќ забележа само една победа во шест натпревари во Лигата на шампионите.