Ракомет

Историско финале за РК Алкалоид во Атина

Историско финале за РК Алкалоид во Атина

Атински АЕК во 18 часот по македонско, во 19 часот по локално време, денеска го пречекува РК Алкалоид во првиот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп во олимписката сала „Сунел арена“, што се очекува да биде речиси целосно исполнета, но и покрај тоа, атмосферата во македонскиот тим, според тренерот Кире Лазаров е одична и со позитивно размислување ќе излезат на терен.

Натпреварот предизвика голем интерес кај љубителите на ракометот во Грција, а пред сè кај навивачите на АЕК, во изминатите денови беа отворени дополнителни блокови од трибините и пуштени во продажба дополнителни билети, а според последните информации, финалето се очекува да го следат 8.000 гледачи, во салата со капацитет да прими 9.000 лица.

Реваншот на историско финале за Алкалоид, ќе се одигра за една седмица во Скопје, во салата „Борис Трајковски“

To top