Ракомет

ИХФ ги објави домаќините на СП во 2029 и 2031 година

ИХФ ги објави домаќините на СП во 2029 и 2031 година

На вонредниот конгрес на Светската ракометна федерација ИХФ одржан во француски Кретеј беа одредени и домаќините на следните две светски првества во машка конкуренција.

Франција заедно со Германија ја доби организацијата на изданието во 2029 година, додека по повлекувањето на кандидатурата на Саудиска Арабија светското првенство во 2031 година ќе биде во Скандијавија со три земји организатори: Данска, Исланд и Норвешка.

Се шпекулира дека воведниот натпревар на СП 2029 година би можел да се одржи во арената Нантер со 40.000 места.

Поврзани теми

To top