Ракомет сп ракомет

Хрватскиот селектор Сигурдсон: Ова е волшебна ноќ, вакво нешто се случува еднаш во десет години

Хрватскиот селектор Сигурдсон: Ова е волшебна ноќ, вакво нешто се случува еднаш во десет години

Хрватската ракометна репрезентација е првиот полуфиналист на Светското првенство, откако во Загреб ја совлада селекцијата на Унгарија со голот на пивотменот Марин Шипиќ, кој погоди во последната секунда.

По спектакуларната победа селекторот на Хрватска, Исланѓанецот Дагур Сигурдсон рече „Ова е магична ноќ со неверојатни навивачи, бевме четири гола во минус, а сите беа со нашиот тим“.

Потоа продолжи:

„Благодарение на Унгарија за неверојатната игра, тие одиграа одлично. Ни беше многу тешко. Се боревме за секој гол на последните два натпревари. Ни зеде многу енергија. Имаме многу проблеми со повреди. Неверојатна игра ако сето тоа го земете во предвид. Крајот на натпреварот беше магичен“, започна Сигурдсон.

„Ова е наш спорт, тоа се случува еднаш во десет години. Благодарност до Арената и навивачите кои никогаш не се откажаа, како и играчите кои завршија одлична работа. Некои од нив ги жртвуваа своите тела кога стапнаа на теренот. Карачиќ е во ред, има добри шанси да игра на следниот натпревар“ – порача хрватскиот селектор.

Во полуфиналето Хрватска го чека подобриот од дуелот меѓу Франција и Египет кој започна во 21 часот.

To top