Европската куќа на ракометот (ЕХФ) го суспендира најпознатиот хрватски судија Матија Губица на три години, но не ја откри точната причина.
Во извештајот на судот на ЕХФ стои дека Губица е прогласен за виновен за прекршување на основните обврски наведени во Кодексот на однесување на ЕХФ и Етичкиот кодекс на ИХФ. Хрватот е суспендиран три години и нема веќе да суди.
Суспензијата се смета од 1 јуни 2023 година. Две третини од суспензијата е условна казна, а судијата ќе плати и казна од 6.000 евра.
Од ЕХФ велат дека случајот нема врска со местење на натпревари, но не се открива и точната причина за суспензијата.