Ракометната репрезентација на Хрватска направи огромен исчекор кон пласман во четвртфиналето на СП откако го разби Исланд со 32:26 на соочувањето во Загреб.
Хрватска одигра пеколно прво полувреме кое го реализираше со 20:12, па во преостанатиот дел имаше максимална контрола на играта и резултатот.
Голмано Кузмановиќ имаше 17 одбрани, а најефикасни во нападот на „коцкестите“ беа Мартиновиќ со осум и Мараш со пет погодоци.
Норвешка пак во истиот термин беше подобра од Чиле со 39:22, ама оваа победа е залудна затоа што од оваа група Португалија и Бразил веќе обезбедија место во нокаут фазата.