Ракомет

Хрватска без Карачиќ на ЛОИ во Париз

Хрватска без Карачиќ на ЛОИ во Париз

Селекторот на хрватската ракометна репрезентација Дагур Сигурдсон, го објави скратениот список од 20 ракометари на кои ќе смета за Летните Олимписките игри (ЛОИ) кои ова лето ќе се одржат во француски Париз.

На списокот меѓу планираните играчи на големо изненадување го нема средниот бек Игор Карачиќ, а тука се Лука Циндриќ, Домагој Дувњак, Марин Шипиќ, Матеј Мандиќ, Иван Мартиновиќ.

Собирот на Хрватите и стартот на подготовките за олимпискиот турнир е закажан на 25 јуни во Загреб, а во склоп на подготовките ќе се одиграат и пријателски натпревари против Египет и Франција.

To top