Македонскиот ракометен шампион РК Е.Пелистер потврди дека ќе го задржи еден од лидерите на тимот и за следната сезона, Усама Хосни. Тунижанецот стави потпис на нов договор со македонскиот првак и ќе настапува за битолчани и во сезоната 2025/26.
Хосни ја работи својата втора епизода во таборот на пелистерци. Тој беше член на Еурофарм Пелистер во сезоната 2022/23, потоа кратко замина од Битола, па се врати и ги повтори добрите партии. Оваа сезона Усама Хосни во Лигата на шампионите постигна 24 погодоци за пелистерци.
„По уште една одлична сезона соработката на Еурофарм Пелистер и Усама Хосни ќе продолжи и во иднина. Клубот и десниот бек се договорија за продолжување на соработката и за следната сезона и веруваме дека заедничкиот период на радости и трофеи ќе продолжи. Усама Хосни минатото лето се врати во Македонија и го облече дресот на македонскиот шампион, по успешната сезона 2022/23, по која за кратко замина од Битола.