Данска го загуби финалето на Европското првенство во Германија, Франција е новиот шампион, а утеха за Хансен може да биде тоа што го престигна Карабатиќ на листата на најдобри стрелци на континенталните шампионати.
Микел Хансен во финалето постигна девет голови и дојде до вкупна бројка од 296 погодоци на Европските првенства и стана најдобар стрелец.
Претходно рекордот го држеше Никола Карабатиќ кој не даде гол во денешното финале. Французнот остана на 295 голови на Европските првенства.