Поранешниот ракометар на Металург и актуелен член на Рајн Некар Левен, Халил Јагањац, годинава нема да ја памети по добро.
Хрватскиот репрезентативец поради честите повреди никако не може да го покаже својот голем потенцијал во најсилната лига на светот.
Левиот бек, кој имаше две операции на рамото, доживеа нова повреда, не толку опасна, откако на тренинг се здобил со фрактура на јаболчната коска. Сега Јагањац ќе мора на нова операција и нова пауза од ракометните терени.
Хрватот го пропушти Светското првенство во Полска и Шведска и нема да настапи ниту на континенталниот собир во јануари.