Ракомет

ГРК Охрид со убедлива предност патува на гостувањето во Добој

ГРК Охрид со убедлива предност патува на гостувањето во Добој

Македонскиот претставник Охрид со убедлива предност ќе патува на реваншот од 3.коло од ЕХФ Европскиот куп откако во првиот дуел на домашен терен ја совлада екипата на Слога Добој со 37:19 (16:8).

Од самиот почеток на дуелот охриѓани покажаа дека се решени да стигнат до убедлива победа.

Набрзина стигна македонскиот тим стигна до 5 голови разлика, а до финишот на првиот дел предноста беше и +8 (16:8). На почетокот на вториот дел имаше малку криза во играта на Охрид, но тоа не го искористија гостинските ракометари. Од средината на вториот дел Охрид од 24:16 направи серија од 13-3.

Најефикасни кај Охрид беа Дарко Ѓукиќ и Стефан Петриќ со по голови, колку што постигна Тодор Милисављевиќ кај Слога Добој. Најдобар поединец на дуелот беше голманот на Охрид Кристијан Пилпиовиќ со 19 одбрани (11 во првиот дел).

To top