Ракометниот клуб Охрид ќе продолжи со своето европско патување во рамки на ЕХФ Европскиот Куп.
Ждрепката во Виена, го одреди нивниот следен противник во третото коло, а тоа е босанскиот тим Слога Добој.
Противникот од третото коло, Слога Добој, е тим со традиција и искуство во регионалниот ракомет, што значи дека Охрид нема да има лесна задача. Сепак, поддршката од домашната публика и досегашната игра на охриѓани даваат надеж дека македонскиот клуб може да обезбеди пласман во следната фаза и да продолжи со пишување на својата европска приказна.
Според распоредот, првиот натпревар ќе се одигра на 15 или 16 ноември во СЦ „Билјанини Извори“ во Охрид, каде охриѓани ќе имаат шанса пред домашната публика да создадат предност пред реваншот што ќе се одигра седум дена подоцна во градот Добој.