Ракомет

ГРК Охрид потпиша со српски репрезентативец

ГРК Охрид потпиша со српски репрезентативец

Македонскиот ракометен суперлигаш Охрид договори уште едно засилување за следната сезона.

Откако пред неколку дена го потврди трансферот на Дино Славиќ, српскиот ракометар Никола Зечевиќ од јуни се сели во Охрид.

Момчето од Нова Варош играше за Вождовац, помина низ рацете на Саша Кандиќ, познат белградски тренер во помладите категории, а пет години беше дел од Партизан, со кој освои пет пехари.

To top