Ракометарите на Охрид уште еднаш ја потврдија фаворитската улога во соочувањето со Дукла Прага и со победата во гости го потврдија пласманот во четвртфиналето од ЕХФ Европскиот Куп.
По триумфот на домашен терен од девет гола разлика (30-21) охриѓани одново го надиграа противникот и славеа со сигурни 24-30.
За ГРК Охрид, пак, за првпат во својата клупска историја ќе игра европско четвртфинале.
Најдобар поединец кај Охрид беше Прибетиќ со седум гола, два помалку имаа Ојлески и Пешиќ. Пилиповиќ беше фантастичен на голот со 12 интервенции.