Ракомет

ГРК Охрид ќе го игра првиот меч против Целје на 25 април во Словенија

ГРК Охрид ќе го игра првиот меч против Целје на 25 април во Словенија

Ракометарите на Охрид обезбедија пласман во полуфиналето на ЕХФ Европскиот куп откако во четвртфиналната фаза со две победи го елиминираа грчкиот Олимпијакос.

Следен предизвик за македонскиот претставник ќе биде словенечкиот тим Целје кој пак беше подобар во двомечот со Бузау од Романија.

ГРК Охрид објави дека првиот натпревар против Целје ќе го игра на 25 април во Словенија, а реваншот е закажан за 2 мај во салата „Билјанини извори“.

Во втората полуфинална пресметка од клупското натпреварување ќе играат Татабања од Унгарија на Филип Талески и Извиѓач од Босна и Херцеговина.

До првиот меч против Целје, играчите на тренерот Борис Ројевиќ ќе одиграат два меча во домашниот шампионат, на 8 април на гости против актуелниот првак Еурофарм Пелистер, а на 14 април ќе го пречекаат Тиквеш.

To top