ГРК Охрид испиша нова историја, се пласираше во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп, откако на реванш мечот против Олимпијакос славеше со 25-24.
За место во финалето македонскиот тим ќе се бори против Целје.
Иако охриѓани играа пред полни трибини, сепак не мина лесно како во Атина. Очекувно грците дојдоа далеку помотивирани. Олимпијакос го отвори мечот со 0-1, но контролата ја имаше македонскиот тим, најголемата позитива која ја имаше во овој дел беше четири гола разлика 14-10. На одморот резултатот беше 14-12.
На стартот на 40-та минута Олимпијакос израмни на 16-16, Јагуриноски украде топка, со два гола донесе плус два 18-16, не им дозволи на гостите да го запишат второто водство на мечот.
Гостите израмнија на 18-18, а Пилиповиќ овој пат го сопре нивниот налет. Олимпијкос на нешто повеќе од четири минути до крајот, Олимпијакос поведе со 22-23.
Сепак македонскиот тим успеа да извојува минимална победа, и оваа средба сите заслуги одаат на сметка на Пилиповиќ, кој имаше 12 одбрани. Иванковиќ со 8 гола беше прв стрелец, додека Јагуриноски имаше 4.