Откако пред три дена ја демолира Дукла во првиот меч од ЕХФ Европскиот Куп,
ГРК Охрид вечерва на свој терен во рамките на 21.коло во Суперлигата славеше и против составот на Бутел и тоа со 33:28.
Ова беше 17 победа за охриѓани. Ќосевски и Ристевски постигнаа по седум голови, голманот Блажески запиша 12 одбрани.
Кај гостите најефикасен беше Дејан Михајловиќ со осум голови од исто толку обиди.