Ракометарите на ТРК Охрид извојуваа голем успех и го победија Е.Пелистер во финалето на Меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ со конечен резултат 31-26.
Дејан Манасков постигна седум гола кај Еурофарм Пелистер, додека најдобар поединец во победничкиот тим беше Дарко Ѓукиќ, кој впиша еден погодок помалку. Четири гола постигна Ловро Јотиќ.