Ракометарите на Охрид, покрај обврските на домашната сцена, ги чека настапи и на европската. Охриѓани во првите две рунди на ЕХФ Европскиот Куп ги елиминираа екипите на Баки од Азербејџан и босанскиот Слога Добој.
Сега популарните охридски “гладијатори“ ги чека дуел во 1/8 финалето против чешката екипа на Дукла од Прага.
Првиот натпревар ќе се игра во салата „Билјанини Извори“ во Охрид на 14.02.2026 (сабота) со почеток од 18:00 часот.
Од денеска почна продажбата на билети и тоа по цена од 250 денари.
Од клубот со порака до навивачите.
Бидете 8-ми играч на Охрид и дел од спортскиот спектакл во „Билјанини Извори“, да стигнеме до што поубедлива победа на домашен терен!
Картите за натпреварот може да се купат онлај на следниот линк овде.