Ракометарите на ГРК Охрид претрпеа убедлив пораз од Потаиса Турда во реванш средбата од Европскиот Куп со 39:29 пораз кој воедно значи елиминација на нашиот претставник од ова натпреварување.
Популарните „гладијатори“ одиграа навистина квалитетно во првата средба на домашен терен (31:25) и со голема сомодоверба отпатуваа во Романија, но покажаа друго лице како гостин и тоа им донесе негативен резултат и крај на настапот во Европа.
Потаиса Турда ги реализираше првите 30 минути со 17:14, а тоа како да им даде залет во продолжението во кое едноставно ги надиграа Охрид и заслужено одат во наредната фаза.
Ојлески и Орјоникидзе беа први стрелци со по пет погодоци.