Ракомет

ГРК Охрид договори уште еден хрватски репрезентативец!

ГРК Охрид договори уште еден хрватски репрезентативец!

Од наредната сезона нов член на ГРК Охрид предводен од Борис Ројевиќ, ќе биде хрватскиот репрезентативец Дино Славиќ.

Голманот, кој многу веројатно ќе дебитира на големите натпреварувања со Хрватска со Охрид постигна договор до летото 2028 година.

Искусниот 34-годишен голман во последните три сезони настапува во француски Лимож, а пред тоа имаше искуство играјќи во Лигата на шампионите во дресот на Загреб.

Славиќ ја започна својата меѓународна кариера во 2018 година играјќи за Адемар Леон, што беше негова отскочна даска, а настапуваше уште за Замет и Умаг.

Во Охрид веќе настапуваат тројца хрватски ракометари: Јотиќ, Пилиповиќ (настапува за австриската репрезентација) и Иванковиќ.

To top