Женската ракометна репрезентација на Македонија кон крајот на месецов и на почетокот на следниот ќе одигра двомеч со фаворитот Шпанија во Квалификациите за Европското првенство.
Нашата репрезентација има два од два во досегашниот тек од квалификациите и треба само рутински да ги одработи следните натпревари за да обезбеди пласман на континенталниот собир кој кон крајот на годинава ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија.
На списоот на селекторот Кристијан Грчевски се најдоа 35 ракометарки, но бројот на повикани играчи ќе биде намален пред дуелите со Шпанија, кои ќе се одиграат на 29-ти февруари во Скопје и на трети март на гостински терен.