Ракометарките на Македонија под водство на селекторот Кристијан Грчевски ќе настапат на турнир во Турција а подготовките за тие натпревари ги извршуваат во Кавадарци.
Пред заминувањето за Анкара, Грчевски истакна дека, и покрај неколкуте пензионирања, имаме иднина во овие девојки.
„Ќе ја искористиме оваа ЕХФ недела за воигрување, за подобрување на некои техничко-тактички детали. Потоа патуваме во Турција, каде што ќе одиграме три натпревари со Турција, Сливачка и Словенија.
Треба да видиме до кај сме, бидејќи во март нè чекаат квалификации за Европското првенство и две ЕХФ недели.
Оваа ЕХФ недела верувам дека ќе ни биде корисна токму за тие натпревари. Доста млада репрезентација имаме, повозрасните веќе се пензионираа и по мене имаме иднина во овие девојки. Секако дека треба време, но простор за напредок има. Ростерот не е затворен, има простор за нови имиња. Дај Боже да имаме поголема конкуренција. Сара Ристовска не е со нас, имаше оперативен зафат и очекувам да се врати во март следната година. Нејзината помош ни е потребна“, рече селекторот.
Македонската селекција ќе настапи на меѓународен пријателски турнир во турскиот град Анкара, а таму освен домаќинот ќе играат уште селекциите на Словенија и Словачка.