Ракомет

Грчевски го објави списокот на ракометарки за „Трофеј Македонија“

Грчевски го објави списокот на ракометарки за „Трофеј Македонија“

Охрид од 18 до 20 септември ќе биде домаќин на Меѓународниот ракометен турнир „Трофеј Македонија“. во организација на РФМ.

На турнирот покрај Македонија, ќе настапат и селекциите на Тунис, Египет и Грција

Селекторот на најдобрата женска ракометна репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски го објави списокот.

Тој повика 20 ракометарки, најголемиот дел од домашните клубови и осум интернационалки.

Собирот е закажан за ден 15.09.2025 (понеделник), со почеток во 09:00 часот од пред канцелариите на Ракометна Федерација на Македонија.

РАСПОРЕД И ТЕРМИНИ НА НАТПРЕВАРИТЕ:

18.09.2025 – Четврток
18:15 ГРЦИЈА – ЕГИПЕТ
20:30 МАКЕДОНИЈА – ТУНИС
19.09.2025 – Петок
18:15 ТУНИС – ГРЦИЈА
20:30 МАКЕДОНИЈА – ЕГИПЕТ
20.09.2025 – Сабота
14:00 ЕГИПЕТ – ТУНИС
16:30 МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА

 

 

To top