Македонската женска ракометна репрезентација ја очекува бараж битката со Полска за пласман на Светското првенство, двомеч за кој селекторот Кристијан Грчевски одлучи да смета на 20 ракометарки.
Леонида Гичевска и Ангела Јанкуловска се враќаат во националниот тим, а ќе помогне и Јована Саздовска која најави репрезентативна пензија.
Пресметките со Полска се закажани за 9 и 12 април, а првиот собир нашите ракометарки ќе го имаат на 6 април во ,,Спортска сала Мајка Тереза’’ Скопје.