Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски објави список од 35 ракометарки на кои смета за престојните мечеви со Азербејџан и Литванија во рамките на квалификациите за Европското првенство кое ќе се одигра на крајот на оваа календарска година.
Ова се два последните средби во групата 5, средби кои ние ги дочекуваме со 4 бода. Двете победи во циклусот ги остваривме токму против овие двете репрезентации со кои ќе одново ќе се соочиме на 3 и 7 април, па дефинитивно можеме да се надеваме на позитивни резултати и потврда на пласманот на ЕП.