Капитенот на женската ракометна репрезентација Елена Ѓоргиевска пред овој меч вели дека Шпанија е одлична шанса да видат колку напредувале.
„Конечно по подолга пауза имаме собир и едвај ги очекуваме мечевите. Имаме два натпревари против Шпанија во кои може да видиме колку сме напредувале и ветуваме дека ќе дадеме максимум. Атмосферата во репрезентацијата е позитивна и тоа е најважно“, изјави Ѓоргиевска.
Првиот натпревар се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје на 29. февруари (четврток) со почеток во 18 часот, а влезот е слободен. Вториот натпревар се игра во Ланзароте на 03.03. во 17 часот.