Ракометарките на Ѓорче Петров загубија на гостувањето кај Елче (36-21) во првиот меч од четвртфиналниот двомеч во Европскиот куп на ЕХФ за дами.
Девојките на Симе Симовски направија доста грешки, а тоа квалитетниот домаќин знаеше да го казни. Ѓорчепетровки на крајот имаа пад и тоа ги чинеше висок пораз во пресрет на реваншот.
Со пет гола во таборот на „лавиците“ се истакна Марија Јанкуловс,а четири даде Николовска, а три Коларовска. Најефикасна на мечот пак, беше Ван Зијл од Елче со девет реализации.