Ракомет

Германскиот селектор бара ограничување на бројот на странци во Бундес лигата

Германскиот селектор бара ограничување на бројот на странци во Бундес лигата

Актуелниот селектор на ракометната репрезентација на Германија, Алфред Гисласон даде свој предлог за развој на германскиот ракомет. Тој истакнува дека е потребно да се ограничи присуството на странски играчи во бундеслигашките клубови.

Искусниот стратег предлогот го поткрепи со податокот дека младите ракометари, особено оние кои го освоија Светското младинско првенство, не добиваат голема минутажа.

,,Би сакал да има џентлменски договор меѓу клубовите од Бундес лигата и тие да користат само по еден странец на секоја позиција. Ова се случи во Шпанија пред неколку години и функционираше многу добро. Германските младинци речиси и да не добиваат минутажа во своите клубови. Дури и оние ракометари кои го освоија Светското младинско првенство во 2023 година немаат минутажа”, изјави Гисласон.

 

To top