Ракомет

Германија прв полуфиналист на женското СП во ракомет

Германија прв полуфиналист на женското СП во ракомет

Германската женска ракометна репрезентација вечерва пред своите гледачи во Дортмунд се пласираше во полуфиналето на Светското првенство, откако го победи Бразил со 30:23 (17:11).

Германија до победата во првиот четвртфинален натпревар на мундијалскиот турнир ја предводеа Антје Дол со шест и Емили Фогел со пет голови.

Во составот на Бразил, Бруна Де Паула беше најефикасна со шест голови.

Во полуфиналето, Германија ќе игра против победникот од утрешниот четвртфинален натпревар меѓу Данска – Франција.

To top