Германската ракометна репрезентација се соочи со нов проблем на десетина дена до стартот на ЕП 2024, откако домаќинот остана без помошта на Маријан Михалчик.
Средниот бек на Хановер се најде на списокот на селекторот Гисласон и требаше да биде втора опција за организатор на играта, веднаш зад стартниот плејмејкер Јури Кнор, но Михалчик го повреди мускулот на ногата, а деталните прегледи покажаа дека проблемот не е наивен и тој ќе мора да го пропушти европскиот шампионат.
„Секако дека сме многу разочарани за Михалчик, повредата е посериозна отколку што мислевме во прв момент и тој нема да може да ни помогне на ЕП“, изјави селекторот Гисласон