Ракомет

Германија ќе гостува во Скопје

Германија ќе гостува во Скопје

Македонската женска ракометна репрезентација води клучна битка за пласман на Европското првенство 2026 година.

Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски покажаа силен карактер во досегашниот тек од квалификациите.

По неодамнешната победа над Белгија во Куманово, нашиот национален тим останува во игра за висок пласман.

Македонија моментално се наоѓа на третата позиција во својата квалификациска група. Германија и Словенија важат за главни фаворити, но нашите девојки не се предаваат лесно.

Клучните натпревари за конечен пласман ќе се одиграат во текот на април.

На 8 април ќе гостува селекцијата на Германија и тоа во Скопје, во салата „Борис Трајковски“ со почеток во 18 часот. Последниот и одлучувачки натпревар Македонија го игра на гостински терен против Словенија. Тој натпревар е закажан за 12 април, во Љубљана со почеток во 18 часот.

Македонските ракометарки бркаат бодови на овие средби за потврда на една од најдобрите третопласирани позиции.

To top