Ракомет

Германија ја совлада Хрватска во Загреб

Германија ја совлада Хрватска во Загреб

Ракометната селекција на Хрватска загуби со 29-32 од Германија во пријателски натпревар одигран во Загреб

Избраниците на Дагур Сигурдсон беа во игра до крајот на натпреварот, кој Германците го решија со серија од 5-1 помеѓу 51. и 57. минута.

Германија до победата ја предводеше голманот Давид Спат со 13 одбрани, додека Јоханес Гола, Реинарс Ушчинс и Јури Кнор постигнаа по пет гола. За Хрватска, Иван Мартиновиќ и Марио Шоштариќ постигнаа по шест гола, а идниот голман на Охрид, Дино Славиќ за 20 минути забележа седум интервенции.

Во останатите пријателски натпревари кои се одиграа вчера Холандија ја совлада Грција со убедливи 32-26, а Шпанија ја декласира Словачка со 43-26.

To top