Ракомет

Германија ја симна Франција од светскиот трон

Германија ја симна Франција од светскиот трон

Ракометната репрезентација на Франција нема да ја брани златната медалја освоена на Светското првенство во 2023 година.

Иако важеше за еден од главните фаворити, актуелниот шампион беше елиминиран во полуфиналето.

Германија ја изгради победата на грбот на фантастичната Антје Дол, која постигна девет погодоци, а значаен придонес дадоа и Емили Фогел со пет, како и Виола Лехтер и Аника Лот со по четири гола.

Кај Французинките, најрасположени во нападот беа Лена Грендву и Сара Букит со по пет гола, додека Паулета Фопа и Луси Гарние запишаа по три.

Во второто полуфинале на турнирот ќе се сретнат Норвешка и Холандија, кои ќе го дадат вториот финалист на Светското првенство.

To top