Рубен Гарабаја ќе го има своето ракометно тренерско деби во Лигата на шампионите.
Шпанскиот стратег летово се пресели во Битола и пред себе ги има најтешката задача и најголемиот предизвик во својата кариера.
„Имавме одлична претсезона и сега сите ракометари се спремни за Лигата на шампионите. Треба да го смениме мислите, го менуваме натпреварувањето и треба да знаеме каде сме во елитата. Загреб е компетитивен тим, играат одлична одбрана, посебно во средината. Треба да ја наметнеме нашата игра и да играме како што игравме во периодот на подготовки. Спремен сум да ја доживеам атмосферата во Битола. Сите ми кажуваа откако пристигнав и сакам навивачите да уживаат во нашата игра и да се радуваат на победа на секој наш домашен натпревар“, рече шпанскиот статег.
Натпреварот меѓу РК Е.Пелистер и Загреб се игра в среда, со почеток од 20:45 часот.