Ракомет

Гарабаја: Сѐ беше перфектно!

Гарабаја: Сѐ беше перфектно!

Рубен Гарабаја и Еурофарм Пелистер им се радуваат на втората победа во Лигата на шампионите оваа сезона.

Во драматичен натпревар со многу борба и пресврти битолчани го „средија“ ПИК Сегед со 25-24 и ја прекинаа црната серија од пет порази во низа во елитата.

„Го започнавме натпреварот со неверојатна одбрана, мислам дека ПИК Сегед го сфати тоа и почна да игра „седум на шест“. Имавме неверојатен голман во првиот дел, но со таа игра „седум на шест“ противникот дојде до лесни шутеви и ни направи проблем. Во вториот дел се боревме и ние и тие, плус еден за нас, плус еден за нив, но на крајот победивме како тим.

Секој играч си ја сфати својата улога и сите разбраа дека се важни во овој меч. Кога сите работи функционираат и ние сме како тим, може да го победиме секого. Мора да бидеме перфектни, да ни биде јасно дека со план како во првиот дел, кога сите сме внатре, тимот „работи“. ПИК Сегед можеби имаше проблеми со повреди пред овој меч, ама ова беше многу важна победа за нас“, изјави Гарабаја.

To top